декември 10, 2021

Скопје, 10. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.028 тестирања, при што се регистрирани 361 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 166
• Прилеп 41
• Битола 30
• Кавадарци 22
• Кочани 14
• Куманово и Велес по 12
• Тетово 8
• Гевгелија 6
• Неготино, Радовиш и Делчево по 5
• Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод по 4
• Струмица 3
• Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево по 2
• Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61, 71, 71 и 83 години), 3 починати лица од Битола (70, 74 и 84 години) и едно починато лице од Куманово (47 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021 година. Регистрираните починати лица се од Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 433 оздравени пациенти од:

• Скопје 182
• Битола 37
• Прилеп 32
• Куманово 23
• Штип 21
• Кавадарци 20
• Гевгелија 14
• Тетово 13
• Струмица 11
• Велес и Делчево по 10
• Кочани 8
• Крива Паланка 6
• Берово и Охрид по 5
• Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица по 4
• Македонски Брод и Кратово по 3
• Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија по 2
• Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука