декември 11, 2021

Скопје, 11. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.608 тестирања, при што се регистрирани 377 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 164
• Кавадарци 31
• Прилеп 30
• Битола 24
• Охрид 16
• Велес 15
• Куманово 11
• Штип 10
• Кичево 9
• Тетово 7
• Струмица и Крива Паланка по 6
• Радовиш и Валандово по 5
• Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци по 4
• Свети Николе, Ресен и Кратово по 3
• Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица по 2
• Струга, Пробиштип и Крушево по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (63, 82, 85, 85 и 87 години) и по едно починато лице од Куманово (61 години), Охрид (58 години), Битола (67 години), Штип (66 години), Струмица (62 години), Крива Паланка (78 години) и Виница (69 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 06.12.2021 година. Регистрираното починато лице е од Скопје (1). Починатото лице е на возраст од 92 години. Лицето е починато во болнички услови.

Регистрирани сe 307 оздравени пациенти од:

• Скопје 155
• Охрид 23
• Прилеп 20
• Кавадарци и Куманово по 17
• Битола 13
• Делчево 10
• Струга 8
• Велес и Ресен по 5
• Штип, Струмица, Валандово и Кочани по 4
• Гевгелија 3
• Тетово, Свети Николе и Пехчево по 2
• Кичево, Радовиш, Неготино, Богданци, Кратово, Македонска Каменица, Берово, Демир Хисар и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука