декември 13, 2021

Охрид, 13. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид ја објавија музичката програма за прослава на Новата 2022 година, на која ќе настапат бројни домашни естрадни уметници.

– Охриѓани и гостите кои новогодишната ноќ ќе ја поминат на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе може да уживаат во музичките изведби на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат диџеите „Фејс“ и „Гец“ заедно со Јана Слеј. Според планираното, музичка забава на Градскиот плоштад ќе биде организирана и на 1-ви јануари, во периодот од 13:00 до 15:00 часот, кога ќе настапат познати музички имиња од Охрид со репертоар од охридски композиции. На сцената на градскиот плоштад во рамки на дневната забава на 2-ри јануари, во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе настапи „Ансамбл Билјана“ со специјална програма „Охрид Охрид убав мил“, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука