декември 14, 2021

Охрид, 14. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од половината или 53,8% од вкупното население во Охрид е имунизирано со две дози вакцина против COVID-19.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 12-ти декември со две дози вакцина се имунизирани 61,1% од лицата над 12 години, односно 65,8% охриѓани над 18 години.

На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Охрид (Охрид, Струга и Дебар) вакцинирани се 41,5% од вкупната популација. Во Струга вкупниот опфат со вакцинација е 37%, а во Дебар 28,7% што и понатаму е меѓу најниските на државно ниво.

На државно ниво според најновите податоци, до 12-ти декември „бустер“ доза имаат примено 83.614 лица, односно во периодот меѓу два извештаи (од 6-ти до 12-ти декември) трета доза примиле 4.601 лица.

Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 48,9%, односно 45,2% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 39,4%.Опфатот кај работноспособното население (18-64 години) со една доза на вакцина изнесува 46,3% додека со две дози вакцинирани се 44,2%.

Најголем дел од лицата вакцинирани со две дози припаѓаат на возрасната група од 25-49 години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука