декември 21, 2021

Скопје, 21. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.543 тестирања, при што се регистрирани 335 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

· Скопје 179
· Прилеп 31
· Битола 16
· Кавадарци 15
· Ресен 12
· Велес и Охрид по 10
· Куманово и Гевгелија по 8
· Валандово 7
· Тетово, Кичево и Радовиш по 5
· Штип 4
· Неготино 3
· Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево по 2
· Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68, 72 и 74 години) и по едно починато лице од Битола (55 години), Крушево (68 години), Куманово (61 години), Прилеп (75 години) и Охрид (78 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 26.11. до 16.12.2021 година. Починатите лица се од Кочани (1), Куманово (1), Скопје (1), Берово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 66 до 87 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 515 оздравени пациенти од:

· Скопје 253
· Битола 33
· Охрид 26
· Прилеп 25
· Делчево 20
· Куманово 19
· Берово 17
· Велес и Струмица по 14
· Кавадарци 13
· Штип 11
· Радовиш 8
· Кочани 7
· Тетово, Кичево, Гевгелија и Ресен по 6
· Богданци 5
· Македонска Каменица 4
· Кратово, Крушево и Пехчево по 3
· Струга, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар и Македонски Брод по 2
· Виница, Пробиштип и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука