декември 24, 2021

Скопје, 24. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.511 тестирања, при што се регистрирани 333 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 181
• Прилеп и Битола по 25
• Охрид 14
• Куманово и Струмица по 8
• Велес и Кавадарци по 7
• Кичево 6
• Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија по 5
• Штип 4
• Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип по 3
• Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод по 2
• Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Велес (64 и 83 години) и по едно починато лице од Скопје (74 години), Прилеп (90 години), Кичево (85 години) и Радовиш (79 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 22.11. до 20.12.2021 година. Починатите лица се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 1 до 86 години. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 311 оздравени пациенти од:

• Скопје 143
• Битола 23
• Охрид 17
• Кавадарци 16
• Прилеп 15
• Куманово 13
• Струмица и Штип по 9
• Валандово и Велес по 8
• Неготино 7
• Гевгелија 6
• Кочани 5
• Крива Паланка, Крушево и Свети Николе по 4
• Ресен, Радовиш, Пробиштип и Тетово по 3
• Кичево 2
• Демир Капија, Делчево, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.565.599 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука