декември 25, 2021

Скопје, 25. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.572 тестирања, при што се регистрирани 266 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 120
• Битола 25
• Прилеп 22
• Охрид 20
• Куманово и Кавадарци 11
• Ресен 8
• Струмица 7
• Тетово 6
• Кочани и Струга по 5
• Гевгелија и Валандово по 4
• Велес и Радовиш по 3
• Крива Паланка и Македонски Брод по 2
• Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Виница, Кратово и Демир Хисар по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Струмица (56 и 76 години) и Куманово (63 и 75 години) и по едно починато лице од Скопје (82 години), Прилеп (83 години), Битола (47 години) и Штип (83 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27.11. до 24.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Скопје (1), Охрид (1), Струга (1), Тетово (1) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 57 до 82 години. Од пријавените, 5 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 717 оздравени пациенти од:

• Скопје 330
• Битола 53
• Прилеп 48
• Кавадарци 43
• Велес 40
• Делчево 25
• Штип 21
• Кичево 15
• Гевгелија 14
• Крива Паланка 13
• Охрид и Свети Николе по 12
• Куманово 10
• Неготино и Македонска Каменица по 9
• Кочани 8
• Ресен, Тетово, Радовиш и Берово по 6
• Струмица, Валандово, Виница и Крушево по 5
• Струга и Богданци по 4
• Демир Хисар 2
• Македонски Брод 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.570.171 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.932, бројот на оздравени пациенти е 210.319, на починати е 7.894, а бројот на активни случаи изнесува 4.719. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука