јануари 30, 2015

Нови Сад, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Глобалната суперѕвезда Hardwell за прв пат ќе настапи на „Егзит“ фестивалот, на 10. јули, во рамките на големата светска турнеја на која го промовира новиот албум „United We Are“.

Високотиражниот хитмејкер од Холандија веќе втора година по ред го држи апсолутното прво место на Топ 100 светската диџеј ранг листа, а воедно е и најмладиот дј кој ја носи таа титула.

Директните преноси од спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видео блогот на сајтот „Јутјуб“ вкупно имаат повеќе од милијарда прегледувања.

Robbert van de Corput, ака Hardwell уште на возраст од само четири години почнува со часови по клавир, за веќе на 11 години јасно да поска да стане диџеј. Со само 13 години ја објавува својата прва плоча, а на музиката на овој вундеркинд од холандскиот град Бреда, за време на наредните неколку години танцува публиката во најдобрите клубови во земјата.

Она што најмногу го издвојува Hardwell како феномен на современата музичка сцена се настапите чии преноси ја достигнуваат повеќе милионската гледаност типична за големите спортски случувања.

Влезниците за „Егзит“ фестивал сè уште се продаваат по промотивните цени од 3.599 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука