јануари 13, 2022

Скопје, 13. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 6.173 тестирања, при што се регистрирани 1.865 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 871
• Битола 177
• Прилеп 119
• Куманово 86
• Охрид 60
• Кавадарци и Велес по 53
• Кичево 46
• Штип 40
• Струмица 38
• Тетово 37
• Гевгелија 28
• Гостивар 27
• Неготино 24
• Радовиш 23
• Струга и Ресен по 22
• Кочани 21
• Крушево 20
• Валандово 15
• Делчево 14
• Крива Паланка 12
• Свети Николе 10
• Богданци 9
• Пробиштип 8
• Берово 6
• Македонски Брод 5
• Демир Хисар 4
• Виница, Кратово и Демир Капија по 3
• Македонска Каменица и Пехчево по 2
• Дебар и Дојран по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.865), регистрирани се 207 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (81 и 86 години) и Битола (65 и 66 години) и по едно починато лице од Прилеп (45 години), Охрид (69 години), Струмица (68 години) и Валандово (72 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од:

• Скопје 477
• Битола 52
• Прилеп 40
• Кавадарци 30
• Велес 22
• Охрид 19
• Куманово 18
• Гевгелија 16
• Штип, Тетово и Кочани по 14
• Струмица 9
• Радовиш 8
• Валандово 7
• Кичево и Ресен по 6
• Неготино 5
• Гостивар, Крива Паланка и Свети Николе по 4
• Делчево, Пробиштип и Македонски Брод по 3
• Струга, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Дебар и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука