јануари 20, 2022

Скопје, 20. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.021 тестирања, при што се регистрирани 1.172 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 629
• Битола 109
• Куманово 64
• Охрид 53
• Штип 36
• Тетово 35
• Кавадарци 30
• Велес и Кичево по 27
• Прилеп 25
• Струмица 24
• Гостивар 23
• Ресен 20
• Гевгелија 19
• Струга 11
• Неготино 9
• Свети Николе 7
• Крива Паланка и Богданци по 5
• Кочани 3
• Радовиш и Виница по 2
• Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65, 69, 70, 78, 83 и 84 години), 3 од Битола (32, 72 и 79 години) и по едно починато лице од Велес (30 години), Охрид (63 години) и Прилеп (62 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавено е едно починато лице од Струмица (59 години) починат на 15.01.2022 година, во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (n=13), пет лица се целосно вакцинирани.

Регистрирани сe 553 оздравени пациенти од:

• Битола 144
• Прилеп 65
• Скопје 53
• Куманово 40
• Кавадарци 24
• Штип 22
• Велес 20
• Гевгелија и Кочани по 19
• Радовиш 18
• Тетово 14
• Кичево и Неготино по 13
• Крива Паланка и Богданци по 10
• Гостивар и Свети Николе по 9
• Делчево 8
• Демир Хисар 7
• Ресен и Валандово по 5
• Крушево, Македонски Брод и Пхечево по 4
• Струмица, Берово, Кратово и Пробиштип по 3
• Виница и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука