јануари 21, 2022

Скопје, 21. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 6.010 тестирања, при што се регистрирани 2.071 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 1.047
• Битола 178
• Кавадарци 89
• Куманово 73
• Тетово 66
• Гевгелија 63
• Прилеп 47
• Кочани 42
• Велес 41
• Гостивар 39
• Неготино 37
• Струмица 33
• Кичево и Ресен по 28
• Охрид, Берово и Валандово по 25
• Делчево 24
• Штип 22
• Струга и Радовиш по 21
• Свети Николе 14
• Крушево и Демир Хисар по 11
• Богданци 10
• Крива Паланка 9
• Македонска Каменица 8
• Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево по 6
• Виница и Македонски Брод по 3
• Демир Капија и Дојран по 2

Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (66, 70, 85 и 91 години), 2 од Велес (54 и 89 години) и по едно починато лице од Гевгелија (59 години), Струга (86 години) и Делчево (61 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се две починати лица од Скопје (84 и 88 години). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022 година, додека второто лице е на 20.01.2022 година. Пријавените лица се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.

Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од:

• Скопје 702
• Битола 158
• Прилеп 116
• Куманово 55
• Кавадарци 48
• Охрид 33
• Штип 30
• Велес 28
• Струмица 27
• Радовиш 26
• Валандово 24
• Гевгелија 23
• Тетово 21
• Гостивар и Кичево по 19
• Ресен 16
• Кочани, Неготино и Крушево по 14
• Свети Николе 12
• Берово и Пробиштип по 8
• Струга и Крива Паланка по 7
• Богданци 4
• Пехчево и Демир Капија по 3
• Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод по 2
• Делчево, Дебар и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на  Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука