јануари 22, 2022

Скопје, 22. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 7.219 тестирања, при што се регистрирани 1.913 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 888
• Битола 148
• Кавадарци 111
• Куманово 83
• Велес 72
• Охрид 59
• Тетово 58
• Прилеп 51
• Штип 50
• Струмица 44
• Гевгелија 38
• Кичево 34
• Гостивар и Неготино по 31
• Струга 30
• Делчево 26
• Кочани 24
• Ресен 23
• Радовиш и Валандово по 19
• Свети Николе и Богданци по 9
• Крива Паланка, Виница, Крушево и Македонска Каменица по 7
• Пробиштип и Демир Хисар по 6
• Берово и Кратово по 5
• Пехчево 4
• Македонски Брод 2

Од вкупниот број на позитивни (1.913), регистрирани се 243 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61, 67, 78, 83, 89 и 89 години), 3 од Струмица (70, 79 и 80 години) по 2 починати од Охрид (69 и 85 години) и Прилеп (84 и 84 години) и по едно починато лице од Битола (80 години), Гевгелија (64 години) и Кочани (79 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Пробиштип на возраст од 67 до 88 години. Пријавените се починати во периодот од 06.01.2022 до 19.01.2022 година. Сите пријавени се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=21), десет лица се целосно вакцинирани.

Регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти од:

• Скопје 674
• Битола 114
• Прилеп 94
• Куманово 71
• Кавадарци 48
• Велес 41
• Кичево 35
• Штип 30
• Гевгелија 29
• Охрид 28
• Кочани 25
• Радовиш 24
• Неготино 21
• Струга 18
• Гостивар 17
• Делчево 14
• Ресен 12
• Крушево 11
• Струмица 10
• Пробиштип 9
• Свети Николе 7
• Македонски Брод 5
• Демир Капија 4
• Тетово, Македонска Каменица, Демир Хисар и Берово по 2
• Богданци, Виница, Пехчево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука