јануари 23, 2022

Охрид, 23. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Прекрасниот Охрид и денеска блеска на -3 степени на јануарското сонце.

Неделниот ден, 23-ти во месецот јануари, го искористија бројни охриѓани, но и гости за прошетка по кејот, пешачката патека кон хотел „Парк“ и кај каналот „Студенчишта“, се’ до Билјанини извори.

No description available.

No description available.Температурата е ниска, но воздухот е исклучително чист и денот е вистински рај за фотографите, пред се’ поради видливоста и сонцето.

No description available.

No description available.Метеоролозите за денес најавуваат сончево, многу студено и ветровито време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до -3. степени.

– Во следните денови времето ќе продолжи да биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени и помалку, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста и провејување на слаб снег, денес на северот, а утре претежно во западните планински делови, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука