јануари 28, 2022

Скопје, 28. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 5.834 тестирања, при што се регистрирани 1.908 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 972
• Кавадарци 112
• Куманово 111
• Битола 105
• Велес 62
• Тетово 58
• Прилеп 54
• Неготино 46
• Струмица 45
• Охрид 43
• Гостивар 34
• Гевгелија 30
• Штип 27
• Кичево и Кочани по 24
• Радовиш 22
• Ресен 21
• Валандово 17
• Крива Паланка 16
• Струга 15
• Свети Николе 12
• Берово и Богданци по 10
• Делчево 9
• Виница 5
• Демир Капија и Пехчево по 4
• Дебар, Пробиштип и Македонски Брод по 3
• Кратово, Крушево и Македонска Каменица по 2
• Дојран 1

Од вкупниот број на позитивни (1.908), регистрирани се 254 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 5 починати лица од Скопје (53, 69, 69, 75 и 75 години), по 2 починати од Битола (74 и 85 години), Велес (68 и 93 години), Куманово ( 78 и 82 години ) и Свети Николе ( 52 и 78 години) и по едно починато лице од Кавадарци (57 години), Кичево (65 години), Македонски Брод (60 години), Неготино (73 години), Охрид (65 години), Прилеп (82 години), Радовиш (81 години), Ресен (63 години) и Струга (83 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 4 починати лица од: Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56 до 79 години. Пријавените се починати во период од 04.01.2022 до 26.01.2022 година. Од пријавените лица две се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 1.129 оздравени пациенти од:

• Скопје 77
• Битола 61
• Прилеп 52
• Куманово 30
• Охрид 26
• Кочани 23
• Тетово 18
• Неготино и Гостивар по 17
• Струмица 16
• Кавадарци и Гевгелија по 14
• Кичево, Ресен и Крива Паланка по 12
• Струга и Делчево по 10
• Велес и Штип по 9
• Виница, Кратово и Крушево по 8
• Радовиш и Македонска Каменица по 7
• Берово 4
• Богданци, Македонски Брод и Демир Хисар по 3
• Демир Капија и Пехчево по 2
• Валандово, Свети Николе, Дебар, Пробиштип и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.773.325 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 265.101, бројот на оздравени пациенти е 239.581, на починати е 8.338, а бројот на активни случаи изнесува 17.182. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука