јануари 30, 2022

Скопје, 30. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 5.082 тестирања, при што се регистрирани 1.254 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 655
• Битола 87
• Куманово 55
• Тетово и Кавадарци по 46
• Прилеп 40
• Велес 33
• Штип 31
• Струмица 30
• Гевгелија 29
• Гостивар 25
• Неготино 23
• Кичево и Свети Николе по 19
• Охрид и Кочани по 17
• Ресен и Крива Паланка по 12
• Богданци 9
• Виница 8
• Струга 6
• Радовиш и Дебар по 5
• Делчево 4
• Крушево, Македонски Брод и Пехчево по 3
• Берово, Валандово, Кратово и Демир Хисар по 2
• Пробиштип, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.254), регистрирани се 169 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 21 починато лице: 7 починати лица од Скопје (65, 79, 82, 83, 84, 85 и 90 години), по 3 починати лица од Кавадарци (64, 72 и 87 години), и Струмица (54, 62 и 75 години), 2 починати лица од Прилеп (72 и 82 години) и по едно починато лице од Куманово (87 години), Битола (78 години), Тетово (73 години), Кичево (80 години), Струга (66 години) и Неготино (63 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=21), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од:

• Скопје 14
• Кочани 5
• Богданци 3
• Кичево, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Кратово и Крушево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.785.054 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука