јануари 31, 2022

Скопје, 31. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.197 тестирања, при што се регистрирани 711 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 505
• Кавадарци 30
• Струмица 26
• Куманово 25
• Охрид 21
• Битола и Штип по 17
• Прилеп 12
• Струга и Гевгелија по 9
• Тетово 7
• Велес 5
• Гостивар, Неготино и Богданци по 4
• Делчево 3
• Кочани, Пробиштип и Демир Капија по 2
• Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Македонски Брод и Дојран по 1

Од вкупниот број на позитивни (711), регистрирани се 84 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 22 починато лице: 10 починати лица од Скопје (49, 52, 59, 62, 67, 68, 70, 71, 85 и 87 години), по 2 починати лица од Гевгелија (67 и 75 години), Охрид (79 и 86 години) и Струга (73 и 74 години) и по едно починато лице од Битола (84 години), Делчево (75 години), Кичево (86 години), Кратово (29 години), Неготино (56 години) и Струмица (82 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 4 починати лица, Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56 до 81 години. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 до 27.01.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), 14 лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти од:

• Скопје 3.633
• Битола 602
• Куманово 309
• Кавадарци 284
• Прилеп 230
• Тетово 191
• Охрид 177
• Штип 175
• Велес 174
• Гевгелија 159
• Струмица 147
• Гостивар 134
• Кичево 120
• Кочани 98
• Ресен 94
• Радовиш 88
• Неготино 87
• Струга 86
• Делчево 65
• Валандово 56
• Свети Николе 51
• Богданци 31
• Демир Хисар 29
• Крива Паланка 28
• Крушево 25
• Македонска Каменица 18
• Пробиштип 17
• Берово 16
• Дебар 10
• Виница 8
• Демир Капија, Македонски Брод и Кратово по 7
• Дојран 4
• Пехчево 3

Досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука