февруари 8, 2022

Скопје, 8. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.939 тестирања, при што се регистрирани 1.722 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 1.011
• Кавадарци 85
• Куманово и Битола по 83
• Прилеп 51
• Тетово и Велес по 50
• Гостивар 37
• Валандово 30
• Охрид и Кичево по 26
• Радовиш 22
• Гевгелија 21
• Струмица 20
• Неготино 19
• Струга 17
• Кочани 13
• Делчево и Богданци по 12
• Крива Паланка 11
• Ресен 9
• Штип 5
• Свети Николе 4
• Берово, Дебар, Виница, Кратово, Демир Хисар и Пехчево по 3
• Дојран 2
• Пробиштип, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.722), регистрирани се 250 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (n=25), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61, 72, 73, 75, 79 и 88 години), и по едно починато лице од Битола (69 години), Велес (68 години) Делчево (71 години), Демир Хисар (80 години), Крива Паланка (85 години), Неготино (65 години), Радовиш (78 години), Струга (64 години), Струмица (65 години) и Тетово (83 години). Од пријавените лица, 15 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 9 починати лица, Скопје (2), Охрид (2), Богданци (2), Свети Николе (1), Делчево (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 47 до 92 години. Од пријавените лица пет лица се починати во болнички услови и четири лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 до 05.02.2022 година.

Регистрирани сe 1.942 оздравени пациенти од:

• Скопје 663
• Битола 250
• Кавадарци 151
• Куманово 106
• Тетово 82
• Кичево 64
• Прилеп 62
• Велес 61
• Гевгелија 51
• Струмица 50
• Ресен 45
• Неготино 43
• Гостивар 42
• Охрид 33
• Струга 27
• Радовиш 22
• Штип 21
• Кочани 20
• Крушево 19
• Валандово и Свети Николе по 18
• Богданци 16
• Делчево и Крива Паланка по 15
• Македонски Брод и Македонска Каменица по 8
• Берово 6
• Дојран и Демир Капија по 5
• Кратово 4
• Дебар, Виница и Пробиштип по 3
• Пехчево 2
• Демир Хисар 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.826.611 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 280.594, бројот на оздравени пациенти е 259.898, на починати е 8.624, a бројот на активни случаи изнесува 12.072. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука