февруари 9, 2022

Скопје, 9. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 31-ви јануари до 6-ти февруари тестирани се вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,2% во однос на минатата недела.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирани се 9.982 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 16,2% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60 години (24,6%) и 30-39 (20,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години. Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи. Зголемување се забележува кај возрасните групи од 0-9 години со 21,4% и над 10-19 со 16,5% зголемување во однос на претходната недела.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.340 реинфекции, со намалување за 14,0% во однос на претходната недела. Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7% помалку во однос на минатата недела.

Досега во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ се детектирани 255 пациенти позитивни на Омикрон варијантата. Детектирани се и примероци со Делта сојот на SARS-CoV-2.

Заклучно со 06.02.2022, вакцинирани се вкупно 867.529 лица со барем една доза на вакцина против Covid-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 845.121 лица, а со трета доза се вакцинирани 132.488 лица. (Крај)

извор: ИЈЗ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука