февруари 10, 2022

Охрид, 10. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот на масовната имунизација против Covid-19, Охрид е при врвот во однос на опфатот на вакцинирано население.

Но, веќе извесен период интересот за вакцинација кај охриѓани спласна и речиси и да го нема. Поголема е бројката на граѓани кои примаат „бустер“ отколку прва доза вакцина.

Согласно неделните извештаи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во втората половина на јануари не е регистрирана промена во однос на процентот на вакцинирано население.

Со најновиот неделен извештај се бележи минимално поместување во процентот. Па, така сега во Охрид се вакцинирани 55,1% од вкупната популација, односно 62,6% лица над 12 години и 67,4% граѓани над 18 години.

Здравствените власти постојано нагласуваат дека вакцинацијата е најдобар начин за заштита од Covid-19, особено од хоспитализација и смрт. Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски на прес-конференција информираше дека трите дози вакцина во моментот даваат гаранција од над 95 проценти заштита од смрт. Потенцира дека и во светот заокружен циклус на вакцинација веќе се однесува точно или на три дози или некаде има комбинации прележаност по две дози. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука