февруари 10, 2022

Струга, 10. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.Р. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– На 16-ти јануари 2022 година, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом, со што не ги почитувал мерките изречени за заштита на населението од Covid-19, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука