февруари 12, 2022

Скопје, 11. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.996 тестирања, при што се регистрирани 1.348 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

Скопје – 725, Куманово – 73, Битола – 67, Кавадарци – 57, Прилеп – 54, Тетово – 45, Велес – 43, Струмица – 32, Кичево – 30, Неготино – 27, Свети Николе – 26, Охрид – 23, Гостивар – 21, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Струга и Крива Паланка – по 11, Ресен – 10, Кочани – 7, Валандово и Крушево – по 5, Богданци – 4, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 3, Берово, Виница, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2.

Од вкупниот број позитивни (1.348), регистрирани се 196 реинфекции.

Регистрирани сe 1.247 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 573, Кавадарци – 71, Куманово – 64, Велес – 60, Тетово и Струмица – по 57, Прилеп – 48, Охрид – 41, Гостивар – 40, Битола – 35, Неготино – 32, Кочани и Гевгелија – по 26, Штип – 18, Радовиш – 17, Струга – 12, Свети Николе – 11, Делчево – 9, Богданци и Пехчево – по 7, Ресен, Валандово и Крушево – по 5, Виница, Кратово и Демир Капија – по 4, Дебар – 3, Берово и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 6 од Скопје (75, 81, 86, 90, 92 и 97), 2 од Гостивар (70 и 77) и по едно од Струмица (71), Велес (80) и од Штип (78). Од пријавените лица, 10 се починати во болнички услови и едно во домашни услови.

Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 8 починати лица, и тоа од: Кичево (2), Прилеп (2), Скопје (1), Струмица (1), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 55 до 91 година. Од пријавените лица, 2 се починати во болнички услови и 6 во домашни услови. Пријавените лица се починати во периодот од 1.2.2021 до 9.2.2022 година.

Од вкупниот број починати лица (n=19), две се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.838.584 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 284.875, бројот на оздравени пациенти е 264.443, на починати е 8.705, а бројот на активни случаи изнесува 11.727. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука