Струга, 16. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти февруари 2022 година, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода 23-годишниот М.Ј. од Струга.
– При контрола на патничко возило марка „Опел“, со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и електро шок направа. Тој е приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес