Улицата „Димитар Влахов“ обележана за двосмерно движење на возилата (Фото)

Охрид, 16. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС)  – Улицата „Димитар Влахов“, во центарот на Охрид, од денес е обележана за двосмерно движење на возилата.

Ова е само продолжување на активностите за комплетна санација на булеварот „Македонски просветители“ која официјално започна на 21-ви ноември 2021 година.

– Поради изведување градежни работи на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, во наредниов период на сила ќе биде изменет режим на сообраќај. Имено, сообраќајот по булеварот „Македонски просветители“ ќе биде дозволен од пресекот со булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“, од каде во двонасочен правец ќе се одвива до пресекот со улицата „Новопректирана“. Сообраќајот по „Новопроектирана“ ќе биде еднонасочен до пресекот со улицата „Партизанска“. Апелираме до возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот да се придржуваат до сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација, која веќе е поставена на посочените коловози и да се придржуваат до насоките на полициските службеници, информираат од СВР Охрид.

No description available.

Деновиве активно се работи на потегот од крстосницата со улицата „Димитар Влахов“ до крстосницата со „Партизанска“ (позади ТЦ „Амам“).

– Во периодот додека трае втората фаза од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ – такси станицата лоцирана во џебот пред охридската Пошта, времено се дислоцира на почетокот од улицата „Партизанска“, од десната страна, гледано во насока на движење. Делот од коловозот на овој потег каде се одвива еднонасочен сообраќај ќе функционира и понатака со забрана за запирање и паркирање. Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон ново воспоставениот времен режим на сообраќај и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, апелираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top