Охрид, 21. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот во Охридското Езеро полека се враќа во нормала, но сепак и понатаму е далеку под просекот за месец февруари.
Денеска можеше да се забележи дека скоро и да го снема сувиот дел на почетокот на мостот пред поранешниот хотел „Палас“.
Според официјалните податоци и денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото денес е на кота од 693,37 м.н.в, што е за 12 сантриметри под просекот за февруари (693,49 м.н.в), односно 27 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 8,5 степени, односно за 2 степени повисока од просекот.
извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 1