февруари 25, 2022

Охрид, 25. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид д-р Kирил Пецаков денеска одржа работна средба со претставници од угостителскиот и чаршиски еснаф, ХОТАМ, Занаетчиската комора и Здружението на туристички водичи.

Целта на средбата беше изнаоѓање решение за проблемот со кој туристичко-услужниот сектор се соочува откако стапи во сила Законот според кој недела е неработен ден за сите.

May be an image of 10 people, people sitting, people standing and indoor

– Во периодов што следи сите засегнати страни треба да донесат заеднички заклучок кој општина Охрид ќе го поддржи. Со него ќе се обратиме до релевантните владини институции и надлежната комисија со цел да се најде решение на проблемот што Охрид го има како туристички центар, а се однесува на неможноста да се работи во недела. Би сакал да излеземе во пресрет како општина. Лично ќе учествувам како посредник во тој процес со цел да имаме не само задоволни туристи туку и вработени лица кои се даватели на услуги во туристичката дејност. Факт е дека Охрид е посетуван град не само во туристичката сезона туку и вон неа и тоа во денот недела. Посетителите се домашни но и гости од соседството . Верувам дека со заеднички напори и засегнатите дејности, ние како општина и Владата на Република Македонија ќе најдеме заедничко решение кое ќе биде задоволувачко за сите, порача градоначалникот Пецаков по средбата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука