февруари 27, 2022

Скопје, 27. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.560 тестирања, при што се регистрирани 378 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 178
• Куманово 25
• Битола 23
• Велес 21
• Прилеп 20
• Кавадарци 19
• Тетово 14
• Штип и Кичево по 9
• Охрид и Ресен по 8
• Гостивар 7
• Гевгелија 6
• Неготино, Богданци и Струга по 5
• Свети Николе 4
• Струмица, Крива Паланка и Дебар по 3
• Кочани 2
• Делчево 1

Од вкупниот број на позитивни (378), регистрирани се 58 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (7), кај 7 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70, 70, 71 и 77 години) и по едно починато лице од Битола (82 години), Кратово (63 години) и Охрид (90 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 432 оздравени пациенти од:

• Скопје 261
• Битола 28
• Кавадарци 24
• Куманово 18
• Охрид 16
• Велес 15
• Прилеп 12
• Тетово 8
• Неготино и Кочани по 6
• Гостивар 5
• Ресен, Гевгелија, Струга и Струмица по 4
• Кичево и Радовиш по 3
• Крива Паланка 2
• Штип, Богданци, Свети Николе, Дебар, Берово, Кратово, Крушево, Македонски Брод и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.889.266 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.081,бројот на оздравени пациенти е 283.908, на починати е 9.001, а бројот на активни случаи изнесува 4.172. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука