март 2, 2022

Охрид, 2. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Се бележи минимално зголемување на водостојот на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,41 м.н.в, што е за 8 сантриметри под просекот за март (693,49 м.н.в), односно 31 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 6 степени и е за половина степен пониска од месечниот просек.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерствоза землоделство шумарствои водостопанство управа за хидрометеоролошки работи- (споредба табела дневна хидролошка информацилаза ареките природните езера претходниот ден очекувана генденција наредниот 02.03.2022 02.03. водостои прикажани во река 01.03.22 02.03.22 03.03.22 вардар вардар 75 124 103 105 99 181 пчина 86 16 114 37 струмица новаци 85 108 88 85 ложани- = 135 87 138 16 габела 16 водостои MHM наколец 105 127 49 нд 146.96 07:30 часот 146.97 = табела 693.4 144.22 = температури вода CC измерени наколец- охрид 843.98 07:30 693.49 Bodocmojom = нд езеро Xc "наколец"е изработил: проверил: 6.5 апсолутен минимум в.д. директор, ивица годоровски мереньеводосто“

За една недела езерското ниво пораснало за два сантиметри. Со оглед на тоа што за крајот на оваа и почетокот на следната недела метеоролозите најавуваат врнежи од дожд и снег, се очекува нивото да продолжи да расте.

Во Охрид денес променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 3. степени.

– Утре ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука