март 3, 2022

Охрид, 3. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од ТАВ Македонија, на официјалната страна на Facebook на аеродромот Скопје објавија фотофрафија од пристигнување на холандски гости пред многу години на охридскиот аеродром.

– Времеплов во четврток. Истоварање багаж на холандски туристи на охридскиот аеродром, стои во објавата.

Холандските гости своевремено беа едни од најчестите на охридско-струшката ривиера, а според фотографијата оваа група пристигнала со лет на авио компанијата Transavia Holland. (Крај)

извор: ТАВ Македонија фото: ТАВ Македонија

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука