март 5, 2022

Скопје, 5. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.148 тестирања, при што се регистрирани 370 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 225
• Битола 24
• Прилеп 23
• Кавадарци 14
• Куманово и Велес по 11
• Тетово 9
• Охрид и Кичево по 6
• Гостивар 5
• Струмица, Штип и Ресен по 4
• Неготино 3
• Кочани, Гевгелија, Дебар, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по 2
• Струга, Радовиш, Крива Паланка, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Пехчево по 1

Од вкупниот број на позитивни (370), регистрирана е 51 реинфекција. Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (72 години), Велес (74 години) и Охрид (64 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Тетово (1), Битола (1), Куманово (1), Крива Паланка (1), Струмица (1), Прилеп (1) и Ресен (1). Починатите лица се на возраст од 37 до 89 години. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 02.03.2022 година. Од пријавените лица 3 лица се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Регистрирани сe 391 оздравени пациенти од:

• Скопје 209
• Кавадарци и Велес по 22
• Битола 21
• Куманово и Прилеп по 17
• Ресен 9
• Охрид, Струмица и Струга по 8
• Тетово, Гостивар и Кичево по 7
• Штип, Гевгелија, Свети Николе и Крива Паланка по 4
• Кочани, Неготино и Богданци по 3
• Пробиштип, Кратово, Крушево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.904.443 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.419, бројот на оздравени пациенти е 287.518, на починати е 9.075 а бројот на активни случаи изнесува 2.826. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука