март 7, 2022

Скопје, 7. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.209 тестирања, при што се регистрирани 124 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 98
• Кавадарци 7
• Прилеп 6
• Охрид 3
• Штип и Дебар по 2
• Куманово, Тетово, Струмица, Кичево, Струга и Гевгелија по 1

Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: две починати лица од Скопје (36 и 74 години) и едно починато лице од Тетово (60 години), Битола (67 години), Прилеп (70 години), Кочани (70 години) и Пробиштип (67 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од:

• Скопје 289
• Битола 39
• Прилеп 38
• Куманово 25
• Кичево 19
• Гостивар 14
• Кавадарци и Велес по 13
• Штип 12
• Охрид и Ресен по 9
• Тетово, Струмица, Кочани и Неготино по 7
• Гевгелија и Делчево по 6
• Струга и Крива Паланка по 5
• Демир Капија 4
• Богданци 3
• Свети Николе, Кратово, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.908.017 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.766, бројот на оздравени пациенти е 288.235, на починати е 9.086, а бројот на активни случаи изнесува 2.445. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука