март 8, 2022

Скопје, 8. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 28-ми февруари до 6-ти март тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,4% во однос на минатата недела.

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирани сe 2.504 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 32,3% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, просечно 14%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.511 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 372 реинфекции, со намалување за 31,5% во однос на претходната недела. Пријавени се 44 смртни случаи во 17 градови во текот на изминатата недела, за 35,3% помалку во однос на претходната недела.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 216 лица (35,9% помалку во споредба со претходна недела), од нив 150 се на кислородна поддршка, а 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Опфатот со две дози на вакцина против Covid-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 51,1%, односно 47,2% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 41,1%. Бројот на аплицирани дози измината недела изнесува вкупно 3.221, од тоа 342 се први дози, 744 како втора доза и 2.135 аплицирани како трета доза. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука