март 8, 2022

Скопје, 8. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.557 тестирања, при што се регистрирани 340 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 198
• Велес 21
• Куманово 17
• Прилеп 16
• Битола 14
• Кавадарци 13
• Тетово 10
• Гостивар и Ресен по 8
• Гевгелија 7
• Кичево и Радовиш по 5
• Кочани 3
• Неготино, Берово и Богданци по 2
• Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија по 1

Од вкупниот број на позитивни (340), регистрирани се 56 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 8 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Скопје (84 години) и Кичево (75 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (4), Куманово (1), Гостивар (1), Свети Николе (1), Крушево (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 63 до 93 години. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 04.03.2022 година. Од пријавените 4 лица се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 526 оздравени пациенти од:

• Скопје 262
• Велес 29
• Куманово 28
• Прилеп 25
• Битола 24
• Кавадарци 23
• Тетово 22
• Гостивар 21
• Ресен 16
• Гевгелија 12
• Кичево 9
• Радовиш, Кочани и Неготино по 7
• Берово, Богданци и Охрид по 4
• Штип, Струга, Крива Паланка и Дебар по 3
• Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија по 2
•Струмица и Свети Николе по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.910.601 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.106, бројот на оздравени пациенти е 288.761, на починати е 9.097, а бројот на активни случаи изнесува 2.248. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука