март 11, 2022

Скопје, 11. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.182 тестирања, при што се регистрирани 302 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 158
• Прилеп 22
• Велес 20
• Битола 17
• Куманово и Кавадарци по 11
• Охрид 10
• Струмица 9
• Ресен 8
• Кочани и Кичево по 5
• Штип и Неготино по 4
• Гостивар и Радовиш по 3
• Тетово, Гевгелија, Виница и Кратово по 2
• Струга, Крива Паланка, Дебар и Крушево по 1

Од вкупниот број на позитивни (302), регистрирани се 35 реинфекции. Сите починати лица (6), се со регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица од: две починати лица од Скопје (79 и 81 години) и по едно починато лице од Струмица (72 години), Струга (80 години) и Битола (90 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од: Охрид (88 години) починатиот е пријавен на 07.03.2022 година. Пријавеното лице е починато во домашни услови.

Регистрирани сe 315 оздравени пациенти од:

• Скопје 203
• Битола 17
• Прилеп и Велес по 14
• Куманово 13
• Кавадарци 9
• Гостивар 7
• Кичево 6
• Струмица, Ресен и Тетово по 5
• Гевгелија 4
• Штип, Неготино, Крива Паланка и Демир Капија по 2
• Свети Николе, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Македоснки Брод по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.917.551 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.016, бројот на оздравени пациенти е 289.847, на починати е 9.123, а бројот на активни случаи изнесува 2.046. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука