март 12, 2022

Охрид, 12. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – ЕКО Здружението ЕКО ФАП од Охрид за викендов најавува акција за бесплатно подигање на кабаст отпад од реонот на Стар град.

– Во сабота, 12-ти и недела, 13-ти март 2022 година ќе поставиме свое возило на паркингот Горна Порта, Стар дел на градот со цел можност да одложување на кабаст отпад. Со оглед дека возилото не може да дојде до други локации во Стариот дел, Ве молиме предметите да ги донесете со свој транспорт до паркингот Горна порта, потенцираат од ЕКО ФАП.

May be an image of outdoors and tree

Тие информираат и за следното:

– Да се депонира исклучиво кабаст отпад;
– Отпадот да го распоредувате правилно почнувајќи од напред кон назад во товарниот простор;
– Возилото ќе биде поставено на локацијата од сабота 12.03.2022 година во периодот од 09:00 часот и цело време ќе биде достапно за товарање се’ до недела 13.03.2022 до 18:00 часот.
– Граѓаните за оваа услуга немаат никаква друга обврска кон ЕКО ФАП освен самостојно товарање на отпадот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ЕКО ФАП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука