март 14, 2022

Скопје, 14. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.176 тестирања, при што се регистрирани 92 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 60
• Кавадарци и Охрид по 6
• Прилеп 5
• Струмица 4
• Куманово и Гостивар по 2
• Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево по 1

Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција. Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај сите лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (73 и 80 години) и едно починато лице од Тетово (61 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од: Гостивар (64 години). Починатиот е пријавен на 31.01.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови.

Регистрирани сe 363 оздравени пациенти од:

• Скопје 200
• Кавадарци 28
• Велес 25
• Куманово 17
• Битола 14
• Прилеп 13
• Тетово 9
• Кичево 8
• Штип и Гевгелија по 7
• Радовиш и Ресен по 6
• Неготино 4
• Струмица и Гостивар по 3
• Кочани, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Кратово по 2
• Валандово, Демир Капија и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука