април 4, 2022

Охрид, 4. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Зошто да не? Кафе во Охрид по еден час лет… Верувам дека заедно можеме се’, покренувањето на авионската линија Белград-Охрид со брендиран авион „Отворен Балкан“ е добра прилика за почеток на оваа сезона, истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот д-р Љупчо Јаневски во интервју за српска „Политика“.

Тој даде свој коментар за предизвиците со кои се бори туристичкиот сектор и можностите од иницијативата „Отворен Балкан“.

– Создавањето на зелени зони на граничните премини овозможува брз трансфер на патници, а воспоставувањето на нови авио-линии за поврзување на целиот јадрански регион ќе отвори потенцијален пазар од 20 милиони туристи со летови, не подолги од еден час. За помалку од еден час лет ќе можете да се напиете кафе во Охрид или да уживате во фудбалски натпревар во Белград. Треба само малку желба од двете страни и линијата Белград-Охрид да биде повторно ставена во функција. Тоа функционираше до девеесеттите години, кога имаше и по два лета дневно. Сигурен сум дека и тур-операторите ќе ја поддржат идејата со соодветни аранжмани, вели Јаневски. (Крај)

извор: Охридпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука