април 4, 2022

Охрид, 4. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Значително зголемено нивото на водата во Охридското Езеро, но и натаму е под месечниот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,46 м.н.в, што е за 13 сантриметри под просекот за април (693,59 м.н.в), односно 36 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 7 степени и е за 3,4 степени пониска во однос на месечниот просек.

Врнежливиот период придонесе за подобрување на хидролошката состојба на езерото, па за една недела водостојот се покачи за шест сантиметри. Со оглед на тоа што врнежи се најавени и за следните неколку дена, се очекува дополнителен пораст на нивото.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, водостопанство -управа хидрометеоролошки работи- cm табела станица река легуновце вардар неделна хидролошка за природните езера во 07:30 часот 01.04.22 29.03.22 30.03.22 31.03.22 д.капила- 60 87 60 162 118 162 36 65 58 44 80 52 150 156 нд 40 пелинце- 115 140 88 берово нд 75 ложани црн дрим 102 Ho 78 67 67 14 82 34 18 84 36 35 ез.доран MHM 139 07:30 часот 147.06 121 105 147.06 нд 147.06 147.07 693.40 147.07 147.07 693.4 144.31 н.долран ез.доран 10.2 693. 10.6 693.46 8.0 изработил: 7.0 -просекот в.д. директор, акумулации надвор редовниот обработка корекција влијание“

Во Охрид денес претежно облачно време, попладне од западните кон централните делови ќе се прошири повремен дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.

– Во следните денови ќе е променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините со повремен снег. Ќе се задржи слаб до умерен јужен до југозападен ветер. Температурите ќе бидат во пораст од среда кога ќе е краткотрајно стабилно, а потоа се очекува нова краткотрајна нестабилност, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука