април 5, 2022

Охрид, 5. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Ново зголемување ма водостојот на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,47 м.н.в, што е за 12 сантриметри под просекот за април (693,59 м.н.в), односно 37 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 6,5 степени и е за 3,9 степени пониска во однос на месечниот просек.

Периодот од врнежи одлично дојде за раст на нивото на езерската вода, па така за повеќе од една недела водостојот се покачи за седум сантиметри.

Во Охрид денес претежно облачно време, со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 13. степени.

– Денес во претпладневните часови во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Преодно стабилизирање на времето ќе има утре, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно, сончево и топло, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука