април 6, 2022

Охрид, 6. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Веќе една недела во континуитет се подобрува хидролошката состојба на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,49 м.н.в, што е за 10 сантриметри под просекот за април (693,59 м.н.в), односно 39 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 6,5 степени и е за 3,9 степени пониска во однос на месечниот просек.

Споредено со вчерашните мерења водостојот е покачен за два сантиметри, а изминатите седум дена за цели девет сантиметри.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 17. степени.

– Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа до сабота времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Во недела повторно ќе има дестабилизација со силен северен ветер и локални врнежи, а температурата значително ќе се намали, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука