јануари 31, 2015

Виена, 31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Протестите на студентските организации и политичари, кои се одржаа синоќа во Виена, беа посмирени, но сепак во судирите со полицијата беа повредени шест полицајци.

Здружението “Бала академици” објави дека во текот на годинава ќе спроведе 23 протести.

Синоќа околу 5.000 лица маршираа низ центарот на градот во рамките на одобрениот протест.

Според полицијата, имало одвреме – навреме фрлање на пиротехнички средства.

Во некои делови од градот Виена, демонстрантите ги блокираа улиците. Полицијата уапси 54 лица и поднесе 150 казни за кршење на законот. (Крај)

извор: ОхридПрес/АП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука