април 11, 2022

Охрид, 11. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид како привлечна туристичка дестинација наскоро ќе биде прикажан на турската НТВ телевизија откако викендов неколкучлена тамошна екипа сними репортажа во градов.

Гостите од Турција се запознаа со културно-историските знаменитости на Охрид и со вкусните охридски специјалитети. Во репортажата ќе бидат опфатени убавините на старото градско јадро со специфичните охридски занаети, копаничарство и охридскиот бисер, а ќе бидат прикажани и убавините на манастирскиот комплекс „Св. Наум“.

Пред екипата од новинари и камермани беше подготвено охридското ѓомлезе, а гостите беа запознаени и со начинот на лов на риба.

Турската екипа беше и во посета на Скопје и Битола,а кај нас беа во организација на македонскиот Конзулат во Истанбул во соработка со Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука