април 16, 2022

Скопје, 16. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.152 тестирања, при што се регистрирани 126 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 55
• Битола 23
• Велес 9
• Кавадарци 6
• Прилеп 5
• Гостивар 4
• Охрид, Струмица и Гевгелија по 3
• Куманово, Тетово, Штип, Кочани и Ресен по 2
• Кичево, Струга, Радовиш, Делчево и Пробиштип по 1

Од вкупниот број на позитивни (126), регистрирани се 19 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Регистрирани сe 152 оздравени пациенти од:

• Скопје 86
• Битола 24
• Прилеп 9
• Велес, Кавадарци и Кичево по 5
• Куманово 4
• Кочани и Демир Капија по 3
• Струмица и Ресен по 2
• Гостивар, Гевгелија, Штип и Крива Паланка по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.994.836 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.516, бројот на оздравени пациенти е 298.251, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.004. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука