Охрид, 20. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на клубот Cars club mk викендов организираа хуманитарен собир за помош на лицата со ретки болести.
Повеќе од 130 возила од клубови од Охрид, Битола, Прилеп, Гостивар Струга, Вевчани и Скопје се дружеа и испратија силна порака за поддршка на лицата со ретки болести.
– Во светот постојат околу 8.000 ретки болести, а 350 милиони луѓе во светот заболуваат од некоја ретка болест. 75% од пациентите со ретки болести се деца, а 30% од нив не го доживуваат својот 5-ти роденден. Само за 5% од ретките болести има некаков лек, потсетуваат од Car club mk.
Собирот се одржа на големиот паркинг кај „Славија“ во „Горица 3“, а сите собрани средства беа донирани за помош на лицата со ретки болести. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива