Гордана Лолеска од Здружението за поддршка за лицата со ретки болести „Ретко е да си редок“ на Велигденска средба со претседателот Пендаровски и неговата сопруга

Охрид, 24. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Активистот Гордана Лолеска од Здружението за поддршка за лицата со ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид, денеска оствари Велигденска средба со претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

– Благодарам за големата почит што Велигденското предпладне го одбележавме заеднички со Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, во знак на поддршка за лицата со ретки болести. Од името на оваа група на пациенти, денеска на проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска и подаривме специјален брош изработен од филигран со логото на ретките болести изработен од вредните раце на Павлина Шикалеска поради нејзината безусловна поддршка, грижа и емпатија. Таа е вистински пријател кога станува збор за унапредување на квалитетот на живот на овие пациенти. Како дел од тимот на „Ги запознаваме ретките болести“, проф. д-р Ѓоргиевска ни влева надеж и сигурност дека во борбата за подобар живот на нашите деца не сме сами. Како родител и активист за ретките болести среќна сум што во државата има личности како неа кои имаат слух и емпатија за пациентите, но и за нас како родители што дополнително не мотивира никогаш да не се откажеме, порача Лолеска.

No photo description available.

Таа додава дека секоја дружба како денешната е ретка затоа што е искрена и затоа што на ваквите средби може најотворено да се зборува за предизвиците со кои се соочуваат, да се радуваат на успесите и од секој разговор да стануваат подобри.

May be an image of 4 people, people standing and outdoors

– Се надевам дека овој пример ќе го следат и другите општествено одговорни чинители затоа што само заеднички можеме да делуваме и само заеднички можеме да направиме позитивни промени. Нека ни е честит и вековит Велигден, истакна Лолеска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top