април 27, 2022

Скопје, 26. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.760 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 48
• Битола 18
• Берово 4
• Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево по 3
• Велес 2
• Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница по 1

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 21 реинфекции.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74 години), починато во болнички услови, починато на 25.04.2022 година.

Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од:

• Скопје 86
• Битола 32
• Прилеп 11
• Охрид и Валандово по 4
• Тетово, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица и Струга по 2
• Куманово, Штип, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Виница и Демир Хисар по 1

Досега во земјата се направени вкупно 2.013.928 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.310, бројот на оздравени пациенти е 299.539, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 493. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука