април 28, 2022

Скопје, 28. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.798 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 67
• Битола 24
• Прилеп 8
• Охрид 5
• Берово 4
• Тетово и Кичево по 3
• Куманово 2
• Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Кочани, Ресен, Делчево и Кратово по 1

Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ не се пријавени починати лица.

Регистрирани сe 114 оздравени пациенти од:

• Скопје 66
• Битола 21
• Берово и Тетово по 4
• Куманово и Струмица по 3
• Прилеп, Кавадарци, Штип и Радовиш по 2
• Кичево, Велес, Ресен, Делчево и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 503. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука