јануари 31, 2015

Киев, 31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Петнаесет украински војници загинаа и 30 се повредени во текот на последните 24 часа во источниот дел на Украина, објави украинскиот министер за одбрана Стјепан Полторак, цитиран од АФП.

– Петнаесет војници беа убиени по целата линија на фронтот за последното деноноќие, рече министерот прецизирајќи дека загубите се главно во регионот на Луганск и околу Мариупол.

Пред една недела во Мариупол, кој е пристанишен град на Азовско Море и е под контрола на украинската влада, во бомбардирање загинаа 30 цивили. Вината за овој настан официјален Киев ка префрли врз проруските сепаратисти. (Крај)

извор: ОхридПрес/АФП фото: АП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука