јануари 31, 2015

Скопје, 31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Студентскиот пленум во вторник на Архитектонски/Градежен факултет ќе организира генерален пленум на кој ќе се разговара за новодонесениот Закон за високо образование со кој се воведува државен испит, како и проблемите во високото образование воопшто.

– Додека ние седевме и учевме, високото образование се смени од корен. Сметаме дека сите студенти се засегнати од овие нови образовни политики. Дојдете и искажете си го ставот. Рековме дека ќе бидеме чуени, еве го почетокот. Нека продише студентскиот активизам, велат од Студентски пленум.

Вчера од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” соопштија дека Сенатот на УКИМ со писмо му предлага на Министерството за образование и наука во најкус можен рок да иницира сеопфатна расправа од која би произлегле измени на тековниот или предлог за нов Закон за високо образование. (Крај)

извор: ОхридПрес/Радио МОФ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука