септември 6, 2022

Скопје, 6. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 977 тестови, при што се регистрирани 179 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 97
• Кавадарци и Велес по 9
• Битола и Прилеп по 8
• Куманово и Берово по 6
• Тетово и Гевгелија по 5
• Штип и Радовиш по 4
• Кратово 3
• Охрид, Кочани, Неготино и Свети Николе по 2
• Кичево, Струга, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по 1

Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 57 реинфекции.

Регистрирани сe 175 оздравени пациенти од:

• Скопје 93
• Битола 19
• Прилеп и Кавадарци по 12
• Куманово 11
• Гевгелија 5
• Гостивар 4
• Велес, Струмица, Крива Паланка и Кратово по 3
• Кочани 2
• Тетово, Охрид, Кичево, Ресен и Свети Николе по 1

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.155.071 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.127, бројот на оздравени пациенти е 330.328, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.300. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука