септември 7, 2022

Скопје, 7. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 912 тестови, при што се регистрирани 134 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 63
• Битола 13
• Крива Паланка 7
• Кавадарци 6
• Ресен и Крушево по 5
• Прилеп и Гостивар по 4
• Куманово, Струга, Берово и Кратово по 3
• Велес, Штип, Кочани и Гевгелија по 2
• Тетово, Охрид, Струмица, Кичево, Неготино, Делчево и Македонски Брод по 1

Од вкупниот број на позитивни (134), регистрирани се 33 реинфекции.

Регистрирани сe 144 оздравени пациенти од:

• Скопје 81
• Битола 8
• Штип 7
• Прилеп и Куманово по 6
• Велес и Кочани по 5
• Гостивар и Струмица по 4
• Крива Паланка, Кавадарци, Неготино и Радовиш по 3
• Ресен, Гевгелија, Тетово, Охрид, Кичево и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Куманово (65 години). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, регистрирани се две починати лица, од Струмица (74 години) и Виница (76 години). Едно лице е починато во болнички и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29-ти до 31-ви септември 2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.155.983 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.261, бројот на оздравени пациенти е 330.472, на починати е 9.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.287. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука